19:02 - 26 ноември, 2026

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Полицијата во Белград идентификувала двајца млади мажи осомничени дека на 16 ноември запалиле автомобил во населбата Бежаниска Коса, за кој српските медиуми објавија дека им припаѓа на пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, а пренесе Танјуг, станува збор за двајца осомничени, Н. Ј. (20) и М. М. (21). Против нив, во соработка со Третото основно јавно обвинителство во Белград, полицијата поднела кривична пријава во редовна постапка.

Според полициското соопштение, осомничените се сомничат дека околу полноќ запалиле патничко возило во сопственост на 41-годишен маж.

Министерството не го открива името на сопственикот, но српските медиуми уште од почетокот на истрагата објавуваат дека станува збор за џип регистриран на името на Филип Живојиновиќ.

Автомобилот бил паркиран пред семејната куќа на пејачката и нејзиниот сопруг. Полицијата претходно соопшти дека случајот се истражува како кривично дело предизвикување општа опасност.

Во соопштението не е наведено дека двајцата осомничени се уапсени.

Според пишувањето на белградскиот весник „Курир“ (Kurir), пожарот се проширил и на автомобил паркиран во непосредна близина, како и на едно дрво.

Истиот медиум објави дека безбедносните камери го снимиле моментот кога двајца мажи го полеваат џипот со запалива течност, по што го палат.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо
Се вчитува....