Младата Ѓина Џиновиќ, ќерката на модната дизајнерка Мелина Галиќ и пејачот Харис Џиновиќ, отпатува во Монте Карло за викендот.
Таму, во луксуз, живее нејзината мајка Мелина со новиот сопруг, богатиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд.
Ѓина не крие дека сака да поминува време со нив, па сè почесто престојува во Монте Карло отколку во Србија.

Сега преку Инстаграм покажа дел од луксузот во кој ужива. Најпрво, додека се возеше во автомобил, сними идилична глетка во едно од најбогатите места во Европа, а потоа сподели и фотографија од семејниот дом.

На масата може да се види огромен букет нежнорозови рози, покрај него скапа чанта од брендот „Ермес“, а во заднина прекрасна слика, чии тонови се вклопуваат со мебелот и остатокот од ентериерот.
– Дома за викенд – напиша Џиновиќ.
Да потсетиме, Ѓина до неодамна беше на крстарење со мајка си и очувот и прошета на повеќе атрактивни локации.
