Младиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж, кој неодамна стана татко, а потоа и ја сврши својата избраничка, манекенката Кристина Станков, за првпат на социјалните мрежи објави низа заеднички фотографии од нивниот приватен живот. Иако со месеци успеваше да ја заштити својата приватност од очите на јавноста, овојпат направи исклучок споделувајќи кадри од нивното патување во познатиот француски ски-центар.
View this post on Instagram
Покрај фотографиите на кои парот позира прегрнат на скијачките патеки, во гондола и во опуштена вечера, Војаж кратко напиша само еден збор — „Љубов“, покажувајќи колку уживаат во заедничките моменти далеку од секојдневието.
Веста дека музичарот станал татко кон крајот на октомври пријатно ја изненади јавноста, со оглед на тоа што парот претходно не ја споделуваше веста за бременоста. Само една недела подоцна, тој ја побара Кристина за сопруга, објавувајќи фотографија од свршеничкиот прстен.
Војаж и претходно во своите изјави нагласуваше дека една од неговите најголеми животни желби е да стане млад татко и да изгради стабилно и хармонично семејство, цел која, судејќи според последните објави, целосно му се исполнува.
