Пејачката Наташа Беквалац на Инстаграм сподели фотографии од новата модна комбинација, во која носеше елегантен фустан во бордо боја.
Фотографиите ги објави на Инстаграм-приказна. Фустанот е долг, изработен од мек, набран материјал во бордо боја. Горниот дел има висока јака и богати набори што се спуштаат по телото, додека страничните изрези го откриваат струкот и тетоважата на колкот.
Платинестата руса коса ја носеше пуштена, во долги слоеви со шишки кои го врамуваат лицето.
Изгледот го заокружи со шминка во нежни тонови, нагласенo руменилo и кармин во боја на кожа, како и со темен лак на ноктите, усогласен со бојата на фустанот.
