17:02 - 27 ноември, 2026

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Алекса Балашевиќ, синот на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, сподели со своите следбеници на социјалните мрежи спомен од детството кој разнежни многумина.

Тој, всушност, ја сподели објавата на својата мајка Оливера, а станува збор за емотивна снимка од семејната архива која нè враќа во времето кога тој бил само двегодишно момче.

На снимката се гледа како Ѓорѓе Балашевиќ го држи синот во прегратка, нежно го чува и тивко му потпевнува нешто. Овој драгоцен момент од нивниот семеен живот сведочи за посебната поврзаност меѓу таткото и синот, а токму ваквите спомени денес имаат непроценлива вредност за семејството.

Со снимката е споделена и прекрасна порака која ѝ дава дополнителна емотивна тежина на целата сцена:

„И вечерва месечината над рамницата го бара својот светец, чиј изгубен ореол е таа – оној што во својата прегратка чуваше цел еден бескраен универзум на љубов.“

Гестот на Алекса уште еднаш покажа колку се драгоцени семејните спомени и колку силна останува љубовта кон таткото и по неговото заминување. Снимката на која Ѓорѓе го држи во прегратка и му потпевнува додека е сè уште мало дете потсетува на најнежните моменти од нивниот заеднички живот.

Иако легендарниот кантавтор веќе не е меѓу нас, неговите песни, стихови и спомени продолжуваат да живеат, како преку неговата музика, така и преку семејството на кое му бил најголема поддршка и потпора.

Слични објави

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....