Овен
Овни, избегнувајте ризични ситуации и бидете мудри во средбата со вашите соработници. Нема потреба да ѝ поставувате непотребни прашања на личност што има големо влијание врз вашата околина. Ќе делувате вознемирено затоа што не можете да прифатите нечија одлука. На љубовно поле, залудно ќе повторувате приказна што не го носи посакуваниот ефект.
Бик
Бикови, денеска ќе биде важно правилно да се разбирате и да ги почитувате основните правила во деловната соработка. Секој треба да го направи својот дел на најдобар начин и без преголема експозиција. Нема причина строго да оценувате нечие однесување и ви се случува да направите разни грешки. Не бидете ситничари.
Близнаци
Близнаци, прифатете нечиј предлог. Важно е да ги поставите вашите идеи на вистинското место или во вистинското друштво. Не избрзувајте со заклучоци врз основа на првиот впечаток. Доколку ве мачат емоционалните дилеми, разговарајте искрено со саканата личност. Разговорот води до меѓусебен договор и психичко опуштање.
Рак
Ракови, ќе се чувствувате малку уморно и затоа ќе реагирате поимпулсивно од вообичаено. Се трудите да се ослободите од некои дополнителни обврски, но колку и да се трудите не го постигнувате посакуваниот ефект. При средба со саканата личност, нема потреба да се возбудувате за ситниците кои го отежнуваат постигнувањето договор.
Лав
Лавови, ваше е да ги спроведете нечии идеи во дело или да се претставите во позитивно светло меѓу деловните партнери. Обрнете внимание на деталите кои влијаат на конечните резултати. Сакате ново емотивно задоволство. Имате романтично расположение, а вашиот партнер искрено сака да ве задоволи.
Девица
Девици, ве интересираат различни работни места и се обидувате да го наметнете своето мислење пред соработниците. Ве привлекуваат големи деловни предизвици или можност да ги тестирате своите вештини под необични услови. Не сакате да пропуштите ненадејна можност за емотивно зближување. Одговорете на нечии сигнали или љубовна порака.
Вага
Ваги, некој ве става пред свршен чин или во непријатна ситуација, затоа избегнувајте однесување од афект. Побарајте добар совет и заштитете ги вашите деловни интереси. Бидете внимателни во една ненадејна средба и не дозволувајте лесно да бидете заведени од нечии комплименти и манири.
Скорпија
Скорпии, некој се обидува да ги диктира правилата за деловно однесување. Имате впечаток дека од вас се очекува повеќе отколку што можете да направите и затоа се чувствувате непријатно пред постара личност. Кога се среќавате со некој близок, повеќето настани не се по ваш вкус или искуство, но добро се справувате во секоја прилика.
Стрелец
Стрелци, доколку немате доволно доверба во одредени соработници, направете го она што е неизбежно. Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност. Изгледате весело и задоволно во друштво на блиска личност и чувствувате нова емотивна екстаза. Задоволни сте со нечие внимание.
Јарец
Јарци, има ненадејни околности кои ве забавуваат. Некој не сака да ги слуша вашите идеи. Земете ги предвид корисните совети кои ви ги даваат блиските соработници. Обрнете внимание на личноста што позитивно влијае врз вашето расположение. Емотивната средба носи взаемно задоволство.
Водолија
Водолии, нечие однесување негативно влијае на вашата концентрација и затоа трпите деловен неуспех. Сепак, постои можност да ја надмудрите личноста што ви се меша во бизнисот. Нема потреба да ве понесуваат големи желби и нечии ветувања. Тешко ви е правилно да оцените нечии постапки.
Риби
Риби, некој ќе се обиде да ве доведе до поинакво мислење, но вие имате свои цели и не отстапувате од плановите што сте ги започнале. Треба да вложите многу енергија во вашите деловни цели и да се заштитите од лоши влијанија. Партнерот знае да ве расположи со своите идеи. Некои ситуации се увертира за ново емотивно зближување.
