Пејачот Ацо Пејовиќ пристигна на Јахорина во пресрет на настапот на отворањето на „Ски-опенингот“, споделувајќи впечатоци за атмосферата, снежните услови и изненадувањето што на истиот настан ќе настапи и светски познатата манекенка Наоми Кембел, овојпат во улога на диџеј.
Како што истакна, му е особено драго што по долгогодишни приватни дружења за првпат ќе одржи заеднички поголем концерт со Жељко Јоксимовиќ, додека како голем љубител на скијањето призна дека малку му пречи недостигот од снег во моментов, но дека редовниот зимски одмор го остава за февруари.
Особено интересно му било кога дознал дека на Јахорина доаѓа и Наоми Кембел, откривајќи дека пред неколку години случајно се сретнале во клиника во Клагенфурт, каде што тој бил на детокс и губење килограми заедно со сопругата:
„Таму ја сретнав сосема случајно пред лифтот, кога бев на чистење на организмот и симнав десетина килограми. Таа ја праша сопругата каде е просторијата за масажа, а подоцна се видовме и на ручек, беше на маса до нас. Кога дозна дека ќе биде овде, најстарата ќерка низ смеа ми рече: ‘Таман да продолжите таму каде што застанавте’“, раскажа Пејовиќ.
Додаде и дека воопшто не очекувал да ја види манекенката во диџејско издание, но со насмевка порача дека на музичката и на јавната сцена секогаш се случуваат интересни изненадувања
