11:04 - 28 ноември, 2026

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Иако денес е еден од најуспешните актери кај нас, Васил Зафирчев како млад имал сосема поинакви амбиции. Бил одличен ученик, првенец на генерацијата и во основното и во средното образование, а неговата голема желба била да се занимава со астрофизика.
Одлуката да студира глума не ги израдувала неговите родители, кои имале поинакви очекувања за професионалната иднина на својот син.
„Моите родители воопшто не беа среќни со изборот на мојата професија. Јас бев првенец на генерација во основно и во средно и сакав да се занимавам со астрофизика, но тоа подразбираше дека треба да се преселам и да студирам во Белград. Па затоа се предомислив“, раскажа Зафирчев.

За своите младешки амбиции и професионалниот пат, актерот зборуваше во емисијата „На Прва со Пеце и Нора“.
Зафирчев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра. Зад себе има богата театарска кариера, бројни телевизиски и филмски улоги, а публиката особено го засака како готвачот Марио во хумористичната серија „Преспав“.
За своето детство, семејството и поврзаноста со родниот Велес, актерот неодамна зборуваше во интервју за „Слободен печат“, во рубриката „Човекот зад името“. Раскажа дека семејната куќа во Велес и спомените за луѓето со кои го поминал детството и денес имаат посебно место во неговиот живот. Освен домот, и театарот за него е место каде што се чувствува слободно.
„Мое лично прибежиште е домот, а дом може да биде секое место каде што ми е срцето. И сите тие места се мои лични острови“, изјави Зафирчев.
Актерот, кој е дел од ансамблот на Велешкиот театар, во истото интервју откри дека уште од најраното детство во себе носи две спротивставени потреби, желбата да запознава нови луѓе и да доживува нови нешта, но и потребата за самотија.

Слични објави

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо
Се вчитува....