13:02 - 28 ноември, 2026

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Српската пејачка Јелена Карлеуша отворено проговори за луѓето кои, како што тврди, ја предале и разочарале, иако таа со години им помагала и им била пријателка. Гостувајќи во утринската програма на телевизијата Пинк, пејачката не ги криеше разочарувањето и огорченоста кон поранешните блиски луѓе, меѓу кои ги спомена Боки 13, Милица Павловиќ и Зоран Бирташевиќ.

Карлеуша раскажа дека на некои од луѓето со кои денес нема никаков контакт им помагала уште од почетокот на нивните кариери. Според нејзините зборови, ги примала во својот дом, им давала да јадат и да преспијат, им ги позајмувала автомобилите, а соработувала со нив и на музички проекти.

Таа смета дека нејзината добрина била возвратена на најлош можен начин и дека токму луѓето на кои најмногу им помогнала подоцна станале нејзини најголеми непријатели.

„Моите предавници не заслужиле дури ни да им се спомене името. Ако зборуваме за Боки 13, по нивните реакции и постапки не заслужиле ни да им го споменам името. На тие луѓе многу им помогнав да станат познати и богати. Уште од мали нозе јадеа кај мене, спиеја кај мене, ги возеа моите автомобили. Ми возвратија на најстрашниот можен начин. Снимав дуети со нив, одев во емисии, се збогатија благодарение на мене. Ми забодеа нож во грб, а тоа зборува за нив“, изјави пејачката.

Таа додаде дека луѓето на кои најмногу им помагала понекогаш стануваат најголеми непријатели токму затоа што знаат колку им помогнале другите пред да се стекнат со успех.

Карлеуша особено се осврна на, како што тврди, измамите и предавствата што ги доживеала. Според неа, некои луѓе отишле предалеку, а таа дури подоцна дознала за нивните постапки.

„Сите јавно знаат со кого се дружев и колку им помагав. Најлошо е да имаш, па да немаш. Тие многу се занесоа, дозволија да дознаам за измамите и предавствата. Ме ограбија и ме измамија, им се случи најстрашната клетва: „Да даде Господ да имаш, па да немаш“. Бев мажена за Бојан Кариќ и никогаш не кажав ниту еден лош збор за тоа семејство. Мислам дека кон многумина се покажав како вистински пријател“, порача Карлеуша.

Таа нагласи дека свесно избрала да не ги напаѓа јавно луѓето на кои некогаш им помагала, иако, како што вели, имала многу причини да го направи тоа.

„Од срце им помагав, а тие ми возвратија на толку страшен начин што решив да молчам и да оставам нивните дела да зборуваат за нив“, додаде пејачката.

Во разговорот Карлеуша се осврна и на односите со неколку колеги од естрадата, меѓу кои ги спомена Дара Бубамара, Милица Павловиќ и Боки 13.

Таа повтори дека не сака да зборува лошо за луѓето со кои некогаш била блиска, но смета дека нивните постапки покажале какви се нивните вистински односи.

„Одлучив да не молчам. Милион пати сум имала можност да кажам нешто. Бев мажена за Кариќ. Кога сите ги напаѓаа, јас тогаш не кажав ниту еден лош збор за нив. Мислам дека бев пријателка и со Дара Бубамара, но таа ми го сврте грбот. Избрав да не кажам ниту еден лош збор за неа, ниту за Милица Павловиќ, ниту за Боки 13. Им помагав од срце, а сега нивните дела зборуваат за нив“, порача Карлеуша.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....