Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ зборуваше за соработката и новиот дует „Сузе“ со Џејла Рамовиќ, споделувајќи детали од повеќечасовното снимање на видеоспотот, но и осврнувајќи се на шпекулациите во јавноста за наводна романтична врска меѓу нив и тврдењата дека станува збор за маркетинг-трик.
Како што раскажа, спотот се снимал повеќе од дваесет часа во континуитет, а соработката со Џејла минала природно и со силна меѓусебна енергија, при што особено му значи нејзината поддршка од самиот почеток на неговиот пат, како и пораката да остане верен на себе.
Коментирајќи ги гласините околу нивниот однос и прашањето дали сè е дел од промоција, пејачот истакна дека приватниот живот сака да го задржи подалеку од очите на јавноста, иако му се интересни и симпатични реакциите на публиката:
„Воопшто не. Генерално, кого и да имам во животот, ќе го чувам за себе. Тоа е приватен живот и морам нешто да задржам само за себе. Луѓето оваа година добија многу работи од Јаков, па не мора да го имаат и приватниот живот. Што и да е, никогаш не би зборувал јавно за тоа, но навистина ми е интересно и симпатично да ги следам тие шпекулации“, изјави Јозиновиќ.
