Сашка Веселинов, сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, брат на тенисерот Новак Ѓоковиќ, го прослави својот 27. роденден во интимна атмосфера, во станот во кој живее со сопругот.
Бидејќи сакала овој ден да го одбележи без многу врева и во приватна атмосфера, прославата била организирана во нивниот дом.

За гостите била подготвена богата трпеза, а славеничката ги сподели заедничките фотографии со своите следбеници на социјалните мрежи.
Меѓу гостите биле и нејзините свекор и свекрва. На фотографиите, Срѓан Ѓоковиќ седи на масата, додека Дијана позира покрај синот и снаата, држејќи куче во рацете.

Врвот на вечерта било сечењето на роденденската торта, која, исто како и самата прослава, не била особено раскошна.
На Сашка не ѝ одело најлесно сечењето, па ѝ помогнал сопругот Ѓорѓе, а им помагал и нивниот син.
