Македонската водителка Цеце Николова ги продолжи летните денови на Кипар, каде што отпатува заедно со своето момче, менаџерот Јане Јанев.
Парот престојува во Аја Напа, а Николова сподели неколку моменти од нивното романтично патување на социјалните мрежи. На фотографиите може да се види како двајцата уживаат покрај море, пливаат во бистрите води и разменуваат нежности.


Цеце и Јане одморот го искористија и за крстарење до познатата Сина лагуна, од каде што водителката објави фотографии со својот партнер.
Нивното патување на Кипар доаѓа неполни два месеца откако Цеце за првпат јавно откри дека е во врска со Јане.

Иако биле заедно една година, водителката дотогаш ја чувала нивната врска подалеку од очите на јавноста.
Цеце го претстави Јане пред своите следбеници кон крајот на август, токму во периодот кога ја одбележаа првата годишнина од нивната врска.
Тогаш таа објави заеднички фотографии од нивното летување во Грција и за првпат јавно покажа кој е нејзиниот партнер.
Сега двојката повторно сподели дел од приватните моменти, овојпат од нивното есенско патување на Кипар.
