18:57 - 11 ноември, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Песна на српската фолк-пејачка Мина Костиќ, објавена пред повеќе од две децении, деновиве доживува неочекуван нов бран на популарност, а за тоа значително придонесе и Александра Пријовиќ.

„Тикток“и претходно успеваше повторно да ги врати во центарот на вниманието песните кои во времето кога биле објавени не постигнале особено голем успех. Сега таква судбина ја доживува песната „Љубав“ на Мина Костиќ, која првпат беше објавена во 2005 година.

@aprijovicteam Sta to radis ljubaaavi ❤️ #aleksandraprijovic #minakostic #fyp #viral #srbija ♬ original sound – Aleksandra Prijovic

Во моментов песната се наоѓа на првото место на трендинг листата „Тикток“ во Босна и Херцеговина. Како музичка заднина за видеата е искористена повеќе од 16.200 пати.

Дополнителен поттик за новата популарност на песната даде Александра Пријовиќ, која објави видео во кое во автомобил ја пее „Љубов“.

Снимката брзо привлече внимание на социјалните мрежи, по што се зголеми и слушаноста на оригиналната верзија на песната.

Интересно е што популарноста не остана ограничена само на „Тикток“ . Песната стигна и до првото место на листата на најслушани песни на „Билборд“ во соседна Хрватска.

Не е првпат песна од минатото благодарение на кратките видеа на „Тикток“ повторно да стане актуелна.

Во 2025 година, Јаков Јозиновиќ повторно ја популаризираше песната „Терца на тишину“ на групата „Силенте“.

На листите на трендови во еден период се најде и песната „Бићу твоја девојка“, која српската група „К2“ ја објави уште во 1996 година. Групата ја сочинуваа сестрите Александра и Кристина Ковач.

Слични објави

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо
Се вчитува....