18:47 - 11 ноември, 2026

Милица Тодоровиќ со својот син го напушти станот во луксузна населба – новите соседи открија сè за нејзиниот партнер

Пејачката Милица Тодоровиќ реши да ги спакува куферите и да го напушти луксузниот имот во Нов Белград каде што престојуваше неколку месеци по породувањето.

Таа сега живее на новата локација со својот син и мајка Јасмина, а соседите разговараа со српските медиуми за тоа што се случува на новата адреса и колку го гледаат таткото на нејзиното дете.

Имено, таа донесе одлука да го промени станот и да го напушти луксузниот кварт каде што живеат многу нејзини колеги.

Како што дознаваат медиумите, за оваа одлука долго време размислувала, а за време на заморниот процес на пакување и преместување на работите од стариот стан, нејзината мајка Јасмина ѝ била најголема поддршка и помош.

Сепак, станарите во близина на нејзината нова адреса забележале дека ситуацијата со таткото на нејзиното дете се променила во споредба со претходниот период.

Новите соседи разговараа за тоа каква е Милица во нејзиниот приватен живот, но дадоа и детали за доаѓањата на нејзиниот партнер.

Иако имаше шпекулации дека таткото на детето поретко го посетува домот каде што пејачката сега живее со својот син и мајка ѝ, според оние околу неа, постои договор меѓу нив таа да оди кај него со малиот за да можат да поминуваат време заедно.

– Во последно време, Милица секогаш го носи детето кај нејзиниот татко, тој ретко доаѓа тука. Тоа е договорот, барем така се зборува во соседството, но веќе знаете какви луѓе се тие – тоа воопшто не мора да биде вистина – изјавила првата сосетка за „Ало“ и додала:

– Милица е прекрасна мајка, а исто така и тоа момче со кое има дете. Тој доаѓа, но поретко. Нејзината мајка е таму цело време откако речиси се иселиле од стариот стан. Најважно е што Милица е секогаш насмеана и може да се види дека е навистина среќна.

Слични објави

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо
Се вчитува....