18.8 C
Скопје
01:50 - 27 јули, 2024

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Анталија – град на минатото и иднината. Првата асоцијација на Анталија, една од омилените летни дестинации на Македонците, се море, велелепни хотели, неприкосновена гостопримливост, вкусна храна, меѓутоа, самиот град е приказна за себе. Анталија е петти град по број на жители во Турција и главен град на провинцијата Анталија. Признаена како „престолнина на туризмот“ во Турција и клучен дел од турската ривиера, Анталија се наоѓа на југозападниот брег на Анадолија, опкружена со планините Таурус. Со повеќе од 2,6 милиони луѓе во неговата метрополитенска област, тој е најголемиот град во медитеранскиот регион на Турција, сместен покрај Средоземното Море. Градот е најголемото меѓународно поморско одморалиште во Турција на турската ривиера. Станувајќи главна дестинација за туристите, Анталија во моментот е во топ 5 најпосетувани градови во светот, а тоа ќе го почувствувате особено ако патувате со „Фибула“.

Работи што треба да ги направите во Анталија

Панорамски поглед на Анталија од балон, посета на познатата Адријанова порта, дневни крстарења, сафари, водопади, тематски паркови, археолошки обиколки, водни паркови, разгледувања на градот, тури по природа, трговски центри… и секако, рафтинг низ кањонот Копрулу. Иако во регионот и кај нас најпознат е рафтингот на Тара, рафтингот на реката во кањонот Копрулу ќе ви остане во доживотно сеќавање. Ќе уживате во теренско сафари со џип, рафтинг и наместа, во пливањето во ладната бистра вода.

Рафтингот во кањонот Копрулу незаборавна авантура

Ова авантуристичко патување со рафтинг ќе биде кулминација на вашиот одмор со пријателите и семејството. Воедно, ќе ги ставите на тест вашите способности, веслајќи по брановите низ фасцинантните пејзажи, пливајќи во кристално чистата изворска вода, а потоа уживајќи во вкусниот оброк покрај реката. Доколку престојувате во Анталија со семејството или со група пријатели, заедно со нив може да ја доживеете авантурата на рафтингот на дивите води во живописната клисура.

Додека веслате во специјално адаптираните чамци, ќе уживате во природната убавина на кањонот Копрулу.

Зависниците од адреналин, но и почетниците, нема да сакаат да ја пропуштат оваа авантуристичка комбинирана турнеја. Ќе веслате низ повеќе брзаци на патека долга 14 километри, со професионален водич и целосна безбедносна опрема. Претходно, до реката, односно до местото на стартувањето на рафтингот, се пристигнува со теренско возило. Безбедноста таму им е на прво место. Искусните и подговени водачи ќе ве опремат со потребната опрема и ќе ви ги дадат инструкциите и безбедносните предупредувања. Пред да почне авантурата, ќе добиете соодветни одела, кациги, елеци и гумени обувки, а сето тоа е адаптирано на вашето тело, за да се чувствувате и сигурно и удобно. Инструкторите ќе ве водат безбедно низ смелите брзаци. Обучените водичи точно знаат каде да го запрат чамецот за да можете да се нурнете во бистрата вода и да се разладите.

Пуштете го адреналинот да тече на оваа фантастична авантуристичка комбинирана турнеја. Искусните инструктори и сеопфатната безбедносна опрема го прават искуството забавно и вредно за сите возрасти, со вклучен ручек, плус фотографии и видео по завршениот рафтинг.

По завршувањето на рафтингот, со сафари џипови се враќате на местото каде сте ја добиле опремата. Во исто време, фотографиите од незаборавната авнтура се готови додека вие се сладите со вкусниот ручек кој домаќините го приготвиле на лице место.

Kомбинираната турнеја ќе ви го зголеми нивото на адреналин и ќе го направи вашиот ден уникатен и посебен. Оваа целодневна активност е одлична опција за луѓе од сите возрасти и не бара претходно искуство, така што секој може да се справи со брзаците на кањонот Копрулу.

Возбудлив избор и за искусни, но и за почетници рафтери!

 

 

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....