15.8 C
Скопје
20:09 - 19 октомври, 2026

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави фотографија од Богдана од креветот: Оваа глетка ја затекнал в зори, тој се залепил до неа

Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, често на Инстаграм споделува моменти од семејниот живот, а сега на својата приказна објави и необична фотографија од сопругата Богдана.

Тој ја фотографирал во утринските часови додека спиела во кревет во нивниот дом во Тител, а покрај неа бил нивниот најстар син Жељко. Момчето го потпрел својот образ на мајчиниот и заедно со неа спиел. Оваа сцена воодушеви многу луѓе, но го трогнал и Вељко кој сето тоа го снимил.

„Слава му на Бога“, напишал Ражнатовиќ со емотикони на срце и крст.

Вељко ужива во моментите кои ги поминува со сопругата и децата. Тој и Богдана на 14 мај добија трет син, на кој му го дадоа името Исаија. Покрај него и Жељко, тие го имаат и наследникот Крстан, чиј прв роденден неодамна го прославија.

Како што откри боксерот, бебето ќе го крстат на Видовден на 28 јуни, така што повторно ќе има прослави во куќата на Ражнатовиќ.

Минатата недела сите се собраа на граѓанската венчавка на Анастасија и фудбалерот Немања Гудељ која се одржа во вилата на Светлана Цеца Ражнатовиќ на Дедиња, а на кое присуствуваа и членови на семејството Гудељ.

Фото: Инстаграм/Вељко Ражнатовиќ

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....