11:12 - 29 ноември, 2026

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

Ако пред неколку години некој ви кажеше дека српскиот пејач Никола Роквиќ и британскиот супермодел Наоми Кемпбел ќе настапат под ист шатор на Јахорина, веројатно немаше да му поверувате. Но, токму такво сценарио се одвиваше синоќа на отворањето на скијачката сезона во Босна и Херцеговина.

По настапот на Роквиќ, една од најголемите модни икони во светот застана зад диџејскиот пулт и ја разигра публиката на едно од најпознатите скијачки одморалишта во регионот.

Кембел пристигна во Сараево во саботата попладне, а од аеродромот веднаш се упати кон Јахорина, придружувана од обезбедување.

Пред настапот беше одржана прес-конференција, на која претседателот на Надзорниот одбор на Олимпискиот центар „Јахорина“, Недељко Елек, истакна дека гостувањето на британската манекенка е голема чест и потврда за меѓународната препознатливост на дестинацијата. На шега додаде дека со нејзиното пристигнување на планината пристигнал и снегот.

Како подарок, Кемпбел доби традиционален, рачно изработен фустан од сараевско-романискиот регион, кој особено ја воодушеви.

„Многу сум среќна што сум тука. На сите ви посакувам одличен почеток на скијачката сезона. Големо задоволство ми е и се радувам што вечерва ќе пуштам музика за вас. Се надевам дека сите ќе танцувате“, изјави Кемпбел.

Балканско сценарио какво што ни Холивуд не би смислил

Како необичната комбинација на српскиот пејач и британскиот супермодел да не беше доволна, вечерта доби и неочекуван пресврт. Среде настапот на Кембел дошло до технички проблеми, а според објавите на социјалните мрежи, во шаторот снемало струја.

За среќа, прекинот траел кратко, а манекенката набргу продолжила да пушта музика.


Снимките од забавата станаа хит на социјалните мрежи, каде што не недостасуваа духовити коментари.

„Луѓе, ме уништува фактот што Наоми Кембел во моментов во некој шатор на Јахорина ја слуша ‘Опрости мојој младости’“, „За време на настапот на Наоми Кембел снема струја, ова е невозможно да се измисли“, „Ова го нема ни во ГТА“, „Да ми кажеше некој дека Наоми ќе настапува под шатор, ќе му речев дека е луд“, беа дел од реакциите.

Јахорина, во секој случај, доби отворање на скијачката сезона кое уште долго ќе се прераскажува.

Слични објави

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.
Се вчитува....