36.8 C
Скопје
14:39 - 19 јуни, 2024

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

Кога соговорникот кој нè води низ планинското струшко село Вишни со себе го носи куферот преполн со искуства од минатото и годините, а при тоа и фах му е историјата, уживаме во неговите приказни пловејќи низ минатото и денешницата на селото без да погледнеме на часовникот. Така, утрото се смени незабележливо во доцна пладне во друштво на 91-годишниот професор Митрески.

Фото, охридњуз

На седум километри западно од Струга, на надморска височина од 1064 метри, покрај рабовите на планината Јабланица, се наоѓа живописното село Вишни. Селото, речиси од сите страни е обвиткано со зеленило, ниви и ливади, а има и каменски предел, па во пролет и лето наликува на голема цветна градина, наесен – личи на раскошен тепих, додека во зима Вишни се вклопува во снежниот амбиент во кој се гледаат само куќите и чадот од оџаците, а штом човек влезе во дворовите насекаде се чувствува пријатна миризба на топла ракија и пржено свинско месо. Низ Вишни нè води 91-годишниот професор д-р Павле Митрески, познат историчар и секако, вишенец кој денес живее во Охрид.

Од каде потекнува името Вишни?

– Од кога, како и зошто се вика селото Вишни, до денес, тешко можеме да дојдеме до некои конкретни податоци, бидејќи старословенската документација не е сочувана. Селаните од поколенија на поколенија пренесувале една те иста приказна, дека селото го добило името зашто се наоѓало в планина, на височина. Името на селото Вишни, како селска населба, се спомнува уште во почетокот на турското владеење. Дека селото се спомнува и на крајот на 14 век, зборува и податокот дека токму во регионот на село Вишни е изградена пештерската црква „Св.Спас“. И патописецот Јосип Хан во 1863, селото го запишува како Вишни (односно Wischnja), како и познатиот полски славист Влоѓимјеж Пјанка, го забалежува како Вишни, бидејќи според него така било забележано и кај други автори. Во месниот изговор жител се вика вишенец, односно вишенка, а придавката е вишки. Пјанка забележува дека името на Вишни доаѓа од неговата местоположба, зашто се наоѓа високо во планина, за разлика од другите дримколски населби кои се распростираат долж подножјето на планината Јабланица.

Викендов во Вишни и во Охрид: Канонизација на светите Спаса и Спасе Вишенски

Вишенци се горди на пештерската црква „Св.Спас“ во која, од памтивек, ги обавувале своите верски обреди, чувајќи ја својата христијанска вера. Од кога потекнува црквата?

– Вниманието на научната јавност и туристичките работници, како и на селаните од Вишни, за оваа пештерска црква, беше привлечено откако познатиот научник проф.д-р Цветан Грозданов со свои истражувања констатира дека овој споменик на културата е граден на крјот ба 14 век и почетокот на 15 век. За тоа тој пишува, „ѕидното сликарство од 15 век во струшкиот крај се презентира со два споменика. со две декорации, и тоа во пештерските цркви „Свети Спас“ во близина на село Вишни и во вториот слој од „Св.Аранѓел“над село Радожда. Неодамна откриената црква „Св.Спас“ (откриена во 1969), е со огромни димензии. Се чини дека е возможно пештерките цркви во Радожда и Вишни да имаат врска со двата угледни и моќни охридски манастири Перивлепта и Климентовиот „Св.Пантелејмон“. Инаку, црквата „Св.Спас“ се наоѓа на три километри североисточно од Вишни, над живописната суводолица, реката Сушица, втисната во голема и висока каменеста карпа, која од дното до врвот е висока над 100 метри. Клисурата и планинската местоположба го отежнува пристапот до пештерската црква, бидејќи треба да се оди преку стрмни падини и карпи. Во составот на кеменестата карпеста конфигурација на овој комплекс постои едно мало плато на испакната карпа, кај што од пред повеќе години постоеа дрвени огради и голем дрвен крст. Во еден мал дел од големата каменеста стена, постоеше длабнатина во која имаше дрвен разбој, кадешто наводно, света Спасица тука ткаела. Пристапот до разбојот е тежок, а целиот омплекс е сместен во присојниот, сончевиот дел од убавиот кањон на реката Сушица.

Како вишенци го слават нивнот најголем верски празник, Спасовден?

– Откога знаат за себе, го прославуваат многу свечено и традиционално. На овој празник се надоврзуваат и посебни фолклорни толкувања, поврзувајќи го вознесувањето на божјиот син со вечната обнова на природата. Она што ѝ дава посебен белег на прославата е масовната посета на млади девојки, кои со прикриени надежи палат свеќи и ги соопштуваат своите момински желби притоа носејќи подароци за Св.Спасица. Според легендата, се верува дека таа ќе им помогне што побрзо и среќно да се омажат. Според ритуалот, девојките штом ќе се поклонат пред моштит на светицата, ќе ја земат нејзината сребрена маска и малиот саркофаген дрвен ковчег, кој што претходниот ден пред Спасовден се носи во пештерската црква. Честа да ги носи реликвиите на Спасица (денес канонизирана светица свети Спаса), секогаш, по традиција, во Вишни ѝ припаѓа на најстарата немажена девојка. Девојката заедно со другите девојки и селанки кои имале некакви маки, ноќта ја преспивале во црквата верувајќи дека таа ќе им даде среќа, здравје, пород…Ритулот околу пренесување на моштите го прават невини девојки кои скоро треба да се свршат. По отслужената литургија среде црквата „Св.Атанасија“, каде што и цела година се чуваат моштите, се реди маса покриена со нов конопен чаршав, се отпевуваат моштите, се вадат од дрвениот саркофаг, се премачкуваат со вино, се пребришуваат, се обвиткуваат со новиот чаршав, се враќаат во ковчежето кое е пориено со стаклен капак, и од Вишни се тргнува кон пештерската црква „Св.Спас“. На Спасовден, уште од утринските часови, сите жители на Вишни и од околните православни села, оделе да се поклонуваат пред моштите на светицата, носејќи ѝ подароци. И самиот пристап до црквата, по тесните скалички, претставува одреден ритуал, со изведување на молитви, а должноста ја извршува вишенскиот свештеник. Рулекот во основа традиционално се состои од погача, преснец, кисело млеко, зелена салата, сирење, ракија, вино и неизбежното печено јагне, а зурлите и тапаните, и денс, свират по селото и по куќите до доцните вечерни часови.

Селото привлекува и со специфичната архитектура, главно камен и дрво.

– Во основа куќите се градени од градежен материјал кој се наоѓал во вишенскиот простор, компонирани со големо чувство на складен сооднос меѓу каменот, дрвото и бигорот. Целата површина на куќите е изградена од делкан камен, а во средината на катовите обично било поставувано како појас костеново или дабово дрво кое ја зацврстува и ја одржува еластичноста на ѕидната конструкција. Во последните децении архитектонскиот лик на Вишни се менува во позитивна смисла. Се изградиле преку стотина нови куќи, а голем дел од вишенците ги доградија своите трошни куќи на старите мајстори, втемелувајќи нови архитектонски градежни современи сознанија. На нови простори пак, се изградија нови современи куќи по сопствени решенија. Денес Вишни личи на вистинска планинска туристичка селска населба на која ѝ завидуваат сите посетители, а вредните вишенци продолжуваат да градат сè подобри куќи, со убаво уредени дворови, а веќе во некои куќи е воведено и парно греење. Градителската традиција на вишенци продолжува и заслужува посебно восхитување на нивната вљубеност во селото, а во исто време и на оние кои не се од селото, а се новодојдени, успешно се прилагодуваат не само во градењето на куќите, туку и во секојдневното вишенско живеење.

Интервју со протојереј – ставрофор Александар Димоски, парох Струшки: Спасе и Спаса Вишенски се впишаа во Диптихот на светиите

 

Слични објави

Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ открија дали се во врска: Малку флертуваме, а често фантазираме за…

Еспресо

„Може да ме тужи за 10 милиони долари“: Марија Шерифовиќ искрено за таткото на нејзиниот син, само ова го кажа за него

Еспресо

(Видео) Селин Дион плачеше на премиерата на нејзиниот филм: „Ова е љубовно писмо…“

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски со 39 години помладата девојка и нов имиџ: Сè „пука“ од страст 

еспресо

(Фото) Здравко Чолиќ тежи 25 милиони, и уште милионче од продадената куќа: Еве каков часовник носи на рака

еспресо

(Фото) Еве како изгледал пијаниот Џастин Тимберлејк во полициска станица: „Испив само едно мартини“

еспресо
Се вчитува....