15:01 - 29 ноември, 2026

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Манекенката Наоми Кембел синоќа настапи како диџеј на Јахорина, на отворањето на скијачката сезона, а нејзиниот настап се одржа под голем шатор.

По тој повод, на Икс се огласи пејачката Рада Манојловиќ, на која често ѝ забележуваат дека и натаму настапува во слични амбиенти.

„Само чекам да ми кажат дека сум паднала од коњ на магаре затоа што пеам под шатори, па да ги прашам од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина. А, да, се извинувам, таа сепак е светска ѕвезда. По Радмила може да се плука и да ја понижуват, бидејќи јас сум наша. Слушам дека Наоми вечерва нема да биде сама под шаторот, па сакам да видам како ќе биде поставено прашањето до моите колеги што настапуваат со неа. Поддршка за „паднатата“ сестра Наоми! Сè направив прва и го отворив патот, убаво реков – сите ќе пеат под шатор“, напиша Рада Манојловиќ, а потоа продолжи:

„Му пееме на народот и сè додека нè бараат, односно додека ме бараат мене, ќе ми биде чест, без оглед од каков материјал е направен покривот под кој се наоѓаме и се веселиме! Тажно е што светска ѕвезда како Наоми треба да го направи истото што и јас – да настапи под шатор и да ви докаже дека нема комплекси, дека и под шаторот има луѓе, дека тоа не ја намалува нејзината големина (напротив) и дека луѓето ќе ја сакаат“, напиша Рада Манојловиќ.

Инаку, за време на настапот на Наоми Кембел, во еден момент снемало струја. Организаторите веднаш реагирале, а просторот бил осветлен со свеќи.

Пред Наоми настапил Никола Роквиќ.

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....