13:01 - 29 ноември, 2026

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ одржа концерт пред исполнетата Белградска арена, каде што пред многубројната публика, меѓу која имаше голем број млади обожаватели, отворено зборуваше за притисоците и негативните написи што ги следеа неговите настапи, но и за емотивните моменти на сцената.

Концертот го отвори со срдечно обраќање до публиката, заблагодарувајќи се на поддршката по пауза од шест месеци, по што салата уште од првите тактови на „Поље ружа“ запеа во еден глас. Особено внимание привлече сценографијата со бина поставена во центарот на арената во формат од 360 степени, со што музикант и публика беа во непосредна близина од сите страни.

Во текот на вечерта, осврнувајќи се на медиумските шпекулации и обидите за негово оспорување во јавноста, Јозиновиќ упати искрена благодарност до оние што застанаа зад неговата музика:

„Имаше лажни наслови, секакви лоши работи и обиди да ме забранат, но ви благодарам вам што ја наполнивте Арената“, порача тој пред присутните.

Меѓу најистакнатите моменти на вечерта беа гостувањата на легендарната Бисера Велетанлиќ, со која заедно ја изведоа „Златни дан“, како и на Џејла Рамовиќ, со која публиката во живо го проследи нивниот заеднички дует „Сузе“.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....