Пејачот Саша Ковачевиќ, кој неодамна стана татко на син, сподели први впечатоци за новото животно поглавје со партнерката Зорана, откривајќи како изгледаат првите недели по раѓањето на детето, зошто засега не планираат дополнителна помош надвор од семејството и колку потешко му паѓа одвоеноста од домот за време на настапите.
Осврнувајќи се на неодамнешниот настап во Цирих, пејачот истакна дека гостувањето минало одлично, но дека со доаѓањето на бебето патувањата и враќањето дома добиваат сосема поинаква емотивна тежина. Како што раскажа, синот убаво спие и напредува, а дури и при првите помали грчеви гледа смирено и без драматизирање:
„Фала му на Бога, убаво спие, тоа е некако најважно. Синоќа имаше малку грчеви, веројатно веќе почнаа по две недели. Јас синоќа не бев таму, но секако нема место за паника. Тоа се сосема природни и нормални работи, сите ние сме го поминале тоа како деца, само треба детето да се смири колку што може подобро и тоа е тоа“, објасни Ковачевиќ.
Тој додаде дека засега немаат потреба од ангажирање дополнителна помош за грижа околу бебето, бидејќи и самата Зорана и тој сакаат да бидат максимално посветени на секој миг со синот, со поддршка на бабите и најблиските, нагласувајќи дека искуството со бебе за него е посебно и ново во однос на блискоста што ја градел со Искра кога таа била речиси двегодишна.
