Српскиот фол-кпејач Дарко Лазиќ со сопругата Катарина и ќерката Срна ужива во семејниот дом во родниот Брестач, кој го уредил по свој вкус. Со приближувањето на новогодишните и божиќните празници, пејачот одлучил празничната атмосфера да ја внесе и во својата луксузна вила, а глетките од дневната соба привлекоа големо внимание.

Дарко споделил фотографии од својот дом рано утрово и ја покажал прекрасна елка што се простира од подот до таванот. Посебен детаљ е огромната панделка на врвот, додека целата декорација е во празничен дух.

Пејачот го започнал утрото со кафе со сопругата Катарина, а двајцата ги објавиле своите опуштени моменти со фотографија на која лежат на креветот.
Катарина Лазиќ открила дека оваа година токму Дарко имал посебна желба кога станува збор за украсување на домот за празниците. Пејачот сакал елката да биде пошарена отколку во претходните години, па затоа неговата сопруга решила да му ја исполни желбата, но во границите на својот вкус.

– Оваа година елката е бордо. Во претходните години, беше претежно кафеава, но Дарко изрази желба да ја направи шарена оваа година. Ова е најшареното што можете да го добиете од мене – напишала Катарина.

Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина неодамна направија прекрасна прослава по повод вториот роденден на нивната ќерка Срна.
