Пејачката Гоца Тржан била во брак со поранешниот учесник во реални шоуа Иван Маринковиќ, со кого ја добила ќерката Лена.
Набргу по разводот со Иван, Гоца започнала врска со Раша Новаковиќ, со кого и денес е во љубов и брак. Двајцата отворено зборуваат за својот однос, а разликата од 14 години меѓу нив никогаш не им претставувала пречка.
Неодамна Гоца и Раша гостувале во подкастот „Вошткаст“, каде што откриле низа детали од својот приватен живот. Во разговорот Гоца раскажала и дека Иван му испраќал пораки на Раша во периодот кога тие двајца ја започнувале врската.
На почетокот од разговорот Гоца објаснила како се запознала со Раша.
„Јас него го запознав кога се разведов“, рекла Гоца.
Раша потоа во шега додал:
„Јас сум шаман, лекувам.“
На тоа Гоца одговорила:
„Да, тој сè ресетираше.“
Потоа пејачката открила што се случувало во периодот кога таа и Раша започнувале врска. Според нејзините зборови, Иван му испраќал лути пораки на Раша.
„И тогаш му испраќа лути пораки и вели: „Каква е Цупи после мене?“, а тој му одговара: „После првите два сантиметри како нова““, раскажала Гоца Тржан.
Гоца Тржан и Раша Новаковиќ неодамна ја одбележале 15-годишнината од нивната врска. Од тие 15 години, 11 ги поминале во брак.
Поради разликата во годините, многумина сметале дека нивната врска нема да трае долго. Сепак, тие со текот на годините покажале дека разликата во возраста не им претставува проблем.
„Нашата врска и брак се поттик за сите оние кои мислат дека годините или која било друга разлика може да им претставува проблем. Ако постојат искрена и длабока посветеност, љубов, прифаќање и разбирање, нема место за истакнување на какви било разлики“, изјавила Гоца во една прилика.
