24.8 C
Скопје
13:28 - 5 октомври, 2026

Шеф Никола се соочил со здравствен предизвик: „Животот во еден момент те запира“

Познатиот македонски готвач и ТВ-лице Никола Мишковски, познат како шеф Никола, сподели искрена порака на социјалните мрежи откако се соочил со здравствен предизвик.

Четириесет и едногодишниот готвач не откри детали за својата здравствена состојба, но раскажа дека ова искуство го натерало да размисли за начинот на кој живеел и за годините во кои честопати потребите на другите ги ставал пред сопствените.

Мишковски, кој е татко на три деца, работи како главен шеф во скопскиот ресторан „Чардак“, дел е од кулинарското шоу „Брза кујна“, а повеќе од една деценија е и лиценциран судија по готвење.

Во својата објава на социјалните мрежи тој призна дека постојано се обидувал да ги исполни обврските и очекувањата на луѓето околу себе, додека себеси често се ставал на последно место.

„Цел живот се давав без резерва.
За работата, за луѓето, за туѓите проблеми…
Секогаш гледав сите околу мене да бидат задоволни, сè да биде завршено, никој да не остане без одговор и никого да не разочарам.

Трчав, решавав, премолчував, издржував…
И многу често себеси се ставав последен.
А потоа животот во еден момент те запира.
Без да те праша дали имаш обврски, дали некој те чека, дали утре треба да бидеш на работа.
И тогаш сфаќаш нешто многу едноставно:
Ниту една работа, ниту една функција, ниту едно ‘мора’, не вреди повеќе од животот, здравјето и луѓето што искрено те сакаат.
Не жалам што сум бил човек што се давал целосно.
Но, од денес ќе научам дел од таа енергија да ја чувам и за себе.
На оние неколку луѓе што беа до мене кога навистина ми требаа – знаете кои сте.
Нема да ви го заборавам тоа.
Понекогаш мора нешто силно да те потресе за повторно да сфатиш што навистина е важно во животот“, напиша тој.

Мишковски не прецизираше со каков здравствен предизвик се соочил.

Фото: Скриншот/Фејсбук

Слични објави

(Видео) Пред 19 години Тоше го одржа својот последен концерт — вечер што никој не знаеше дека ќе стане вечен спомен

К.С

(Видео) Сопругата на Саша Поповиќ проговори за неговите гревови: „Се надевам дека се искупи пред Бога“

К.С

(Фото) Тајзи и сопругата Ангела добија син — го открија и името на бебето

К.С

Почнете од појадокот — овие намирници се добри за здравјето на срцето

К.С

Хороскоп за 5 октомври: Денеска не позајмувајте пари!

Еспресо

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо
Се вчитува....