10.8 C
Скопје
08:42 - 25 октомври, 2026

(Видео) Пред 19 години Тоше го одржа својот последен концерт — вечер што никој не знаеше дека ќе стане вечен спомен

Пред точно 19 години, на овој ден, Тоше Проески за последен пат запеа пред илјадници луѓе на голем концерт во Скопје. На тогашниот Градски стадион, кој денес го носи неговото име – Национална арена „Тоше Проески“, тој го одржа хуманитарниот концерт под мотото „Образованието е одговорност на сите“.

Настанот имаше јасна хуманитарна мисија. Влезниците чинеа 200 денари, а средствата од нивната продажба беа наменети за петгодишен проект за основното образование, финансиран од УСАИД. Преку проектот беа обновени околу 100 училишта во Македонија, а беше дадена поддршка и на реформите во образовниот систем.

Непосредно пред концертот, Тоше зборуваше за важноста што за него ја имаат хуманитарните настапи и за желбата да придонесе за подобра иднина на младите.

„Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество“, изјави Тоше на прес-конференција, непосредно пред концертот.

На истата прес-конференција тој отворено зборуваше и за Македонија, потенцирајќи дека секогаш ќе се чувствува како Македонец и дека нема намера да ја напушти својата земја.

„На успехот секогаш е залепено зло зашто човечката природа е таква. Се надевам на поддршка од сите за да се справам со злобните луѓе, оти не можам да го направам тоа сам“, рече тогаш Тоше, прилично искрено.

Тоа беше трет голем солистички концерт на Тоше на Градскиот стадион. На само 26 години, тој повторно собра огромен број обожаватели и приреди двочасовна музичка вечер исполнета со неговите најпознати песни, енергија и непосредна комуникација со публиката.

Илјадниците присутни пееја и танцуваа заедно со него, не претпоставувајќи дека токму таа вечер ќе остане запаметена како неговиот последен концерт.

По завршувањето на настапот, Тоше и неговите колеги беа одликувани со статуетки „Мајка Тереза“ од истоимената фондација, во знак на признание за нивниот хуманитарен придонес. Своето признание Тоше ѝ го подари на мајка си Доминика, посочувајќи дека токму таа уште од детството го научила на хуманост.

Во продолжение, потсетете се на дел од моментите од последниот концерт на Тоше Проески.

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....