6.8 C
Скопје
08:42 - 27 октомври, 2026

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка, преку сопственото искуство сфатила дека грижата за себе не е привилегија, туку неопходност. Низ годините, преку личното искуство и работата со жени, дошла до бројни сознанија за здравите навики и промените што можат да донесат подобар квалитет на живот. Со нашите читатели ќе споделува дел од своите искуства и совети, со желба да им помогне и на другите да направат чекор кон промена и подобар однос кон себе.

– Во последно време, разговарајќи со млади девојки и жени, често се фаќам себеси како размислувам за едно нешто: зошто толку често го бараме покомплицираниот пат?

Некој сака да ослабе – бара посебни диети, комплицирани рецепти и „совршен“ план. Друг сака да ја подобри кожата – бара брзо и силно решение. Некој сака да вежба – чека идеални услови, време и програма.
А понекогаш решението може да биде многу поедноставно.


Не велам дека сите проблеми имаат едноставни решенија. Но често знаеме што треба да направиме, само не ни се допаѓа тоа што бара од нас да бидеме доследни.

Затоа што ако нешто е комплицирано, лесно можеме да кажеме: „Не ми успеа“, „Не ми одговара“, „Немав време“.

Но ако е едноставно?

Тогаш останува само да го правиме.

Една мала промена. Една навика. Па уште една. Не спектакуларно, не преку ноќ, туку доволно долго за да стане дел од нас.

„Сите се на твојата листа. А ти?“ – Марина Петровска, велнес-советничка, зборува за грижата за себе која не е привилегија, туку неопходност

Можеби токму затоа личната промена е најтешка. Не затоа што не знаеме што треба да направиме, туку затоа што овојпат нема кого да обвиниме.

Никој не може да ги направи нашите избори наместо нас.

И можеби не ни треба секогаш ново решение.

Можеби понекогаш ни треба само да престанеме да го комплицираме едноставното – и конечно да бидеме доследни на она што веќе знаеме дека ни помага.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

„Знаев што оставам. Не знаев што ме чека“ – Личната приказна на Марина Петровска како инспирација да излезете од зоната на сигурност

„Грижата за себе не е луксуз, туку првиот чекор кон подобар живот“ – Марина Петровска, велнес-советник, за малите навики што носат големи промени

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....