15:17 - 12 ноември, 2026

„Со Душко можам да се смирам за една минута“: Карлеуша проговори за поранешниот сопруг и за новиот помлад дечко

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша повторно се најде во фокусот на јавноста по изјавите за нејзиниот однос со поранешниот сопруг Душко Тошиќ, но и за  гласините кои ја поврзуваат со 24 години помладиот манекен Александар Шево.

Гостувајќи во еден подкаст, пејачката посочи дека и покрај разводот, нивните две ќерки се трајна врска, но и искрено истакна дека доколку посака, враќањето кај поранешниот сопруг е лесна работа.

„Душко и јас имавме брак, повеќе не сме заедно, но нашите две деца се она што ќе нè врзува засекогаш. Сепак, верувај ми, кога би сакала, со Душко можам да се смирам за една минута. Кога би се потрудила би биле заедно, но јас тоа не го сакам. Се извинувам ако Душко има некоја врска, но тие девојки ваљда се свесни какви се правилата на игра во џунглата“.

Карлеуша додаде дека од секоја досегашна врска излегла со чиста совест и дека кон секој партнер била „ангел“, доколку тој прв не згрешил кон неа. Меѓувремено, пејачката отпатува за Милано со своите ќерки по повод почетокот на студиите на нејзината постара ќерка Атина, а во нивно друштво повторно се најде и манекенот Александар Шево, со што дополнително ги подгреа шпекулациите за нивната блискост.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....