17:21 - 11 ноември, 2026

Две едноставни состојки прават голема разлика — рецепт за најкремастата палента

Палентата е еден од оние прилози што лесно се подготвуваат, а можат да надополнат речиси секое јадење. Благодарение на путерот и крем-сирењето, оваа палента е особено мазна, лесна и богата со вкус, а одлично се комбинира со месо, различни сосови, гулаш, печурки и печен зеленчук, пишува „Пун куфер“.

Подготовката е едноставна – палентата се вари на вообичаен начин, а потоа во неа се додаваат путер и крем-сирење. Токму овие две состојки ѝ даваат свиленкаста и исклучително кремаста текстура.

Состојки

– 950 мл вода

– 1 и 1/2 лажичка сол

– 170 г палента

– 2 лажици путер

– 60 г крем-сирење

Подготовка

Во тенџере ставете ја водата да зоврие на висока температура. Додајте ја солта, а потоа постепено сипувајте ја палентата во зовриената вода, постојано мешајќи со жица за матење.

Намалете ја температурата и додајте го путерот. Продолжете да мешате со жицата додека палентата не почне да се згуснува.

Поклопете го тенџерето и варете околу две до три минути. Повремено промешувајте со дрвена лажица за палентата да не се залепи за дното.

Кога палентата ќе биде сварена, додајте го крем-сирењето и добро промешајте за рамномерно да се соедини со палентата.

Пробајте и по потреба додајте уште малку сол. Доколку сакате уште покремаста текстура, можете да додадете и малку повеќе крем-сирење.

Послужете веднаш.

На здравје!

Слични објави

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо
Се вчитува....