14.8 C
Скопје
10:11 - 26 октомври, 2026

Теодора Џехверовиќ го објави списокот на сите естетски корекции

Пејачката Теодора Џехверовиќ важи за една од најатрактивните помлади ѕвезди на регионалната сцена, но таа никогаш не криела дека нејзиниот изглед е резултат на сериозни финансиски вложувања. Пејачката на својот Инстаграм профил отворено ги сподели сите естетски корекции и третмани на кои редовно се подложува.

Џехверовиќ потврди дека има вградено силиконски импланти во градите, а за одржување на лицето и телото користи низа современи третмани. Покрај редовното дополнување на усните со хијалуронски филери на неколку месеци, таа користи биоревитализација, микронидлинг (Дермапен) и ласерски третмани за подмладување на кожата, додека несаканите влакна ги отстранува исклучиво со ласерска епилација.

Според ценовниците на белградските клиники, естетските корекции и негата на пејачката достигнуваат висока сума:

  • Силиконски импланти во градите: од 3.300 до 3.500 евра.

  • Хијалуронски филери за усни: од 150 до 350 евра по милилитар.

  • Биоревитализација на лице: од 120 до 250 евра по третман.

  • Микронидлинг (Дермапен): околу 85 евра по сесија.

  • Ласерска епилација на цело тело: околу 200 евра по третман.

Иако одржувањето на нејзиниот изглед бара торшење на големи суми пари, обожавателите ја пофалија нејзината искреност да прозбори за теми кои многу нејзини колешки сè уште ги кријат од јавноста.

Слични објави

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.

Есенски појадок за 10 минути — кремаста овесна каша со јаболка, мед и цимет

К.С.

Дневен хороскоп за 26 октомври: Внимавајте на роковите што ги одложувавте

apostolova

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.
Се вчитува....