14:32 - 10 ноември, 2026

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

СОСТОЈКИ:
– 3- 4 модри патлиџани
– 2 топки моцарела

За доматниот сос:
– 2 главици црвен кромид
– 500 г домати
– 2 чешниња лук
– 300 г печурки
– босилек
– маслиново масло
– сол

ПОДГОТОВКА:

Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги на кругови. Загрејте го грил-тавчето или, пак, испечете ги на тостер, додека омекнат.
За да го подготвите доматниот сос излупете го кромидот и исечете го на мали коцки, исто и печурките. Кромидот и исечканиот лук, ставете ги да се пржат во тавче со малку масло. Кога кромидот ќе омекне, додајте ги сечканите домати, па оставете ги да се крчкаат додека испари водата. Зачинете со сол и сечкан босилек. Во тавче (со димензии 27х27) ставете еден слој од сосот со домати, над него ставете малку сечкана моцарела и еден ред модри патлиџани. Продолжете со редење слоеви по ист принцип. Завршете со ред модри патлиџани, над нив доматен сос и ред моцарела. Ставете да се пече во рерна на 190 степени околу 20 минути. Нека се излади пред да послужите.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....