22:11 - 8 ноември, 2026

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

Познатата српска модна креаторка Верица Ракочевиќ, која наполни 78 години, зад себе има повеќе од четири децении богата кариера во модната индустрија, бројни деловни ризици, но и мирен живот кој денес го дели со сопругот Вељко Кузманчевиќ на Авала.

Гостувајќи во подкастот „Пеливан“, креаторката се присети на своите најголеми деловни успеси, меѓу кои и пробивот на Неделата на висока мода во Рим во 1999 година кога ги освои насловните страници на италијанските медиуми, но и на личните жртви што ги направила за кариерата.

Ракочевиќ искрено призна дека доколку би можела да се врати назад, не би донела исти одлуки кога се во прашање материјалните работи:

„Своите три стана сама ги заработив и ги продадов поради инвестирање во бизнисот. Станува збор за три навистина големи стана. Од оваа дистанца, ако ме прашате дали би го направила тоа повторно, не би. Едноставно не би. Но, тие сеќавања вредат повеќе од сите автомобили, станови и сите материјални глупости“.

Модната дизајнерка прозборе и за односот со својата најстара ќерка Елена Караман, истакнувајќи дека е прегорда на нејзиното образование, духовен развој и деловни успеси, отфрлајќи ги сите негативни чаршиски приказни.

Ракочевиќ денес ужива во мирен живот во природа, вежба секое утро и истакнува дека најголемиот луксуз што го поседува е тоа што повеќе не мора да работи за пари, туку исклучиво за сопствено задоволство.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....