13.8 C
Скопје
15:57 - 28 октомври, 2026

Жаре од „Еден на еден“ стана татко по вторпат – неговата сопруга ја објави првата фотографија со малата Саша

Убави вести пристигнаа од домот на Жарко Димитриоски, познат како Жаре од емисијата „Еден на еден“. Тој и неговата сопруга Ивана станаа родители по вторпат и во семејството ја пречекаа малата Саша.

Среќната вест ја сподели Ивана на својот инстаграм-профил, каде што ја објави и првата фотографија со новороденото девојче.

На нежната фотографија се гледа малата Саша во прегратките на својата мајка, а Ивана со неколку зборови ја опиша радоста поради пристигнувањето на новиот член на семејството.

„Љубовта во својот најубав облик. Саша Димитриоска“, напиша таа.

Фото: Скриншот

По објавувањето на убавата вест, до семејството пристигнаа бројни честитки, а дел од нив Ивана ги сподели и на својот профил.

Жаре и Ивана веќе се родители на двегодишната Ника, која сега ја доби улогата на постара сестра.

Со раѓањето на Саша, водителот на „Еден на еден“ по вторпат се оствари во улогата на татко, а четиричленото семејство започнува ново поглавје со својата најмала членка.

Слични објави

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо
Се вчитува....