20.8 C
Скопје
14:57 - 11 октомври, 2026

(Видео) По смртта на Оливера Катарина повторно се раскажува нејзината приказна за средбата со Тито

„Не пеев за да се допаднам некому. Пеев за да ги потсетам кои се, штом ќе им затрепери душата… А ако некој се вљубил – тоа беше негов проблем, не мој.“ – Оливера Катарина

Легендарната актерка и пејачка Оливера Катарина, која почина на 87-годишна возраст, во неколку наврати зборуваше за средбите со Јосип Броз Тито, но и за реакцијата на неговата сопруга Јованка Броз.

-Првиот пат кога го запознав Тито, ја снимав песната „Нишка Бања“ во студио. Одеднаш слушнав дека Тито е во студиото, а тој седна зад камерата и ме гледаше. Го отстрани снимателот за самиот да ме снима. Вториот пат беше кога со сопругот Миладин Шакиќ славевме Нова година. Ни пријде Милан Вукос и ни рече дека Тито сака да му пеам. Нему не можеше да му се каже „не““, раскажуваше Оливера во емисијата „Гол живот“, откривајќи детали од средбата со Јованка.

„Еднаш, кога влегов во просторијата, Јованка и Тито седеа заедно. Видов како Јованка го оттурна со лактот и му рече: „Еве ти ја“. Тоа ѝ го прочитав од усните“, се сеќаваше уметницата.

Според неа, Тито оставал впечаток на вистински заводник.

Во својата автобиографија, Оливера Катарина опиша и едно непријатно искуство што го доживеала откако била повикана да му пее на Тито на Тара.

„Тоа малтретирање што го доживеав таму не беше ни за филм. Ме повикаа да му пеам на Тара. Да не бев мажена, ќе одбиев, но не сакав да му правам проблеми на сопругот. Почна невидено шиканирање. Разни служби ме испрашуваа, а ми рекоа дека морам да му пеам кога ќе тргне на прошетка. Од рано наутро вежбав со трубачите додека не останав без глас. Кога дојде Тито, оркестарот го немаше. Ми пријдоа луѓе во цивил и грубо ми наредија да се тргнам, а потоа други ми викаа да излезам и да пеам пред Тито“, напишала таа.

По децении исполнети со слава и успех, последните години од животот на Оливера Катарина ги одбележаа осаменоста и тешката материјална состојба. Таа призна дека повеќе од две децении немала емотивен партнер, а според пишувањата на српските медиуми, во 2017 година живеела како потстанар во Белград и едвај ги покривала основните животни трошоци.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.

Печени костени какви што досега не сте пробале: Додајте им две состојки за неодолив вкус

К.С.

Дневен хороскоп за 11 октомври: Бидете подготвени за денешните предизвици

Еспресо
Се вчитува....