33.8 C
Скопје
13:04 - 11 септември, 2026

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Состојки:
500 грама кори за баклава
2 круши
4 јаболка
300 грама мелени ореви
1 лажица мед
15 грама цимет
200 милилитри минерална вода
100 милилитри масло за јадење
1 прашок за печиво
шеќер во прав

Подготовка:
Пред да почнете со подготовка на питата, треба да го подготвите филот.
Јаболката и крушите изрендајте ги на крупната страна од рендето. Вака подготвеното овошје, префрлете го во подлабок сад. Во садот додајте ги медот, циметот и мелените ореви. Сите состојки убаво измешајте ги и тргнете ги настрана.
Во помал сад измешајте ги минералната вода, маслото за јадење и прашокот за печиво.
Намачкајте ја тавата во која планирате да ја печете питата и можете да почнете со филување на корите. Земете една кора и ставете ја на работната површина. Потоа испрскајте ја со смесата од масло, прашок за печиво и минералната вода, па врз неа ставете друга кора. Врз втората кора ставете од филот и завиткајте во ролат. Постапката повторувајте ја додека има кори и фил.
Вака подготвената пита со овошје, печете ја во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови околу 15 минути.
Готовата пита, откако ќе се излади, наросете ја со шеќер во прав.

Слични објави

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova
Се вчитува....