16.8 C
Скопје
19:25 - 8 октомври, 2026

Нивната љубов немаше сценарио: Драган Николиќ и Милена Дравиќ се сакаа до последниот ден

Драган Николиќ, еден од најголемите актери од овие простори, кој е роден на 20 август во 1943 година, остави неизбришлив белег на актерската сцена во регионот.

Неговиот живот го обележа неговата љубовна приказна со Милена Дравиќ.

Во времето кога Милена Дравиќ и Драган Николиќ се запознале, таа веќе била голема актерска ѕвезда, додека тој штотуку ја започнувал својата кариера. Се запознале на снимањето на филмот „Хороскоп“, а подоцна од нивното пријателство се родила љубов. По кратко време решиле да започнат заеднички живот.

– Кога ѝ пријдов, имав впечаток дека ми е стара школска другарка која не сум ја видел долго време или девојка од маалото која ја познавам цел живот. Токму во тоа лежи нејзината вистинска големина. Ме освои со својата непосредност и нормалност, и покрај големата популарност што веќе ја уживаше во тоа време. Можеше да се однесува како што сака и никој немаше да ја обвини, бидејќи веќе беше една од нашите најголеми ѕвезди. Тоа е нешто со што таа плени и освојува – раскажа Николиќ.

Facebook

Се венчале во 1971 година, за време на снимањето на новогодишниот ТВ филм „Како се сакаа две будали“. За време на паузата помеѓу снимањето, побарале дополнителен час, отишле во општина Врачар и се венчале.

-Ја снимавме во Звездарска шума драмата на Душко Радовиќ „Како се сакаа две будали“. Кога завршивме кај матичарот и станавме брачен пар, отидовме на ручек. Потоа се вративме во Опсерваторијата на Звездара и продолживме да снимаме како ништо да не се случило. Немаме дури ни фотографија од венчавката – рекла своевремено Милена.

„Веќе не се сеќавам како ја запросив. Веројатно тоа било нешто во два-три збора, зашто не сакам многу да зборувам“, рече Драган во едно интервју, во кое одговари и на прашањето зошто немале деца:

„Сметам дека тоа што немаме деца е голем недостаток, не мана, ама едноставно е така. Тоа ни дава шанса сите деца да ги гледаме како свои. Ние ја имаме нашата мала внука Ива. Таа ни го надомести сето она што ние го немавме и околу неа се врти целиот наш свет“.

Facebook

Во ретките прилики кога јавно зборуваа еден за друг, секогаш нагласуваа дека нивниот сопружник е нивниот најголем поддржувач и најстрог критичар.

– За брак што трае четири децении, има повеќе причини да се заврши отколку да опстане. Но, најлесно е да се скрати и заврши нешто, многу е потешко да се борите за да го спасите бракот. Понекогаш дури и мала расправија може да го освежи денот. Понекогаш е потребно да се биде љубоморен, бидејќи и тоа е еден од показателите за љубовта – зборуваше Драган.

Нивната голема љубов опстана, а како што еднаш рече Милена, љубовта беше и останува многу повеќе од она што се пишуваше за нив и таа секогаш беше горда на она што го имаа.

Драган Николиќ почина на 11 март 2016 година по долго и тешко боледување.

„Времето тече, животот минува, годините итаат и еве ме мене, веќе некое време седам, се одморам. Мојот Гага го нема веќе една година, а јас сум веќе неколку месеци болна. Се борам. Си барам ангажман, нешто сработувам, телефонот ѕвони често, им излегувам во пресрет на луѓето колку што можам… Со терапевтот правам вежби кои ми се неопходни, гладам ТВ како никогаш досега, се гледам само со најблиските. Важно е да се работи, работи, работи… Сеќавања, сеќавања…“, напиша Милена една година по смртта на Драган Николиќ.

Милена Дравиќ почина на 14 октомври 2018 година, во Белград, по долго и тешко боледување.

Слични објави

Кавгата меѓу Аца Лукас и Неда Украден не стивнува: „Не може тој, познат како ’сплав‘, да ме закача мене“

Еспресо

Ана Николиќ му се закани на Раста поради песните со Сека Алексиќ, пејачката веднаш ѝ возврати

E.A.

„Ми должат песна, јас ја платив“: Надица Адемов проговори за караницата поради Рада Манојловиќ и за колешката која му пишувала на нејзиниот сопруг

E.A.

Промотивни цени во Клиника „Жан Митрев“: Промотивна остеодензитометрија по повод Светскиот ден на остеопорозата

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ привлече внимание со необична објава: „Љубовта за која си мислел дека е искрена ќе те напушти“

apostolova

(Фото) Жешко издание во долна облека – поранешната Мис Хрватска, Лаура Гњатовиќ, позираше за „Викторијас сикрет“

Еспресо
Се вчитува....