17:11 - 10 ноември, 2026

(Фото) Згодната Туна Сејди се јави од Занзибар: „Рајот започнува тогаш кога ќе престанеш да брзаш“

Македонската пејачка Туна Сејди повторно го избра Занзибар за своја летна дестинација. По минатогодишниот одмор со синовите Тиан и Зен, 41-годишната пејачка и годинава се врати на егзотичниот остров, од каде сподели фотографии со своите следбеници на Инстаграм.

Туна позираше во краток син фустан, но и во бикини, покажувајќи ја својата витка фигура и препознатливите облини.

На фотографиите таа ужива на песочните плажи и покрај тиркизното море, а судејќи според објавите, оваа дестинација за неа има посебно значење.

Фото: Инстаграм/Туна
Фото: Инстаграм/Туна

Покрај фотографиите од одморот, пејачката сподели и порака за најважната лекција што ја научила во Занзибар.

„Од ‘харака-харака’ до ‘поле-поле’… Занзибар ме научи дека рајот започнува тогаш кога ќе престанеш да брзаш“, напиша Туна.

„Харака-харака“ е израз на свахили што значи „брзо, брзо“, односно „побрзај“, додека „поле-поле“ значи „полека, полека“.

Фото: Инстаграм/Туна
Фото: Инстаграм/Туна

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....