12.8 C
Скопје
13:33 - 28 октомври, 2026

Милица Тодоровиќ откри како се снаоѓа со синот Богдан: „Не би можела без помош!“

Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна присуствуваше на прославата по повод 30-годишнината на „Блиц“, каде што пред медиумите зборуваше и за тоа како изгледа нејзиното секојдневие откако пред околу седум месеци стана мајка.

Таа призна дека подготовките за појавување во јавност денес ѝ одземаат повеќе време, особено кога треба да се грижи и за својот син Богдан. За изборот на облеката пред настанот морала да внимава бидејќи бебето спиело и не сакала да го разбуди.

„Можеби само во таа смисла. На пример, денес, кога ја барав облеката, бебето спиеше. Не можев убаво да разгледам, туку сè правев на прсти. Да, ми треба повеќе време за да не го разбудам“, раскажала Тодоровиќ со насмевка.

Иако не е љубител на црвени теписи, интервјуа и јавни настапи, пејачката вели дека со текот на годините се навикнала на нив бидејќи се дел од нејзината професија.

„Не сум некој љубител на црвени теписи, интервјуа и говорења, сето тоа ме заморува, но едноставно е составен дел од мојата работа. Се навикнуваш. Тоа ти станува рутина, составен дел од животот“, изјавила таа.

Тодоровиќ откри и дека има помош околу синот, без која, како што вели, тешко би успевала да ги усогласи сите обврски.

„Имам помош, не би можела без помош. Како би стигнала и овде, и на тренинг, и на судење? Тешко“, искрено признала пејачката.

Слични објави

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....