Грижата за себе често ја оставаме за некој друг ден, зафатени со секојдневните обврски и потребите на другите. Но, понекогаш е доволен мал чекор за да воспоставиме подобра рутина и да научиме како да ѝ го дадеме на кожата она што навистина ѝ е потребно.
Токму со таа идеја се организираат скин-работилниците, посветени на запознавањето на кожата и правилната нега. Тие се можност учесниците да научат нешто повеќе за потребите на својата кожа, да се запознаат со принципите на негата и да откријат како да избираат производи што им одговараа.

На нашите работилници во фокусот е корејската козметика, која привлекува сè поголемо внимание со својот пристап кон негата на кожата. Наместо слепо следење на трендовите и користење голем број производи, важно е да се разбере што ѝ е потребно на кожата и како правилно да се негува. На работилницата ќе имате можност лично да ги испробате производите и да откриете како дејствуваат на вашата кожа. Тоа е можност и подобро да ги запознаете сопствените потреби и да дознаете повеќе за изборот на соодветни производи.
Дополнително, учесниците ќе имаат можност да ја запознаат и AI Skin опцијата – иновативна алатка за скенирање на лицето и анализа на повеќе параметри поврзани со состојбата на кожата. На овој начин, полесно ќе можат да ги препознаат своите потреби и да добијат насоки за избор на соодветна нега.

За учество на ваква работилница не е потребно претходно познавање на козметиката. Доволни се љубопитноста, желбата да се научи нешто ново и подготвеноста да се одвои малку време за себе.

Учеството на скин-работилницата е бесплатно, а сите заинтересирани можат да се пријават и да добијат повеќе информации преку контактот наведен подолу.
Instagram: marina_healthyhabitscoach
Facebook: marina.petrovska.10
View this post on Instagram
