13:47 - 13 ноември, 2026

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ ја отвори душата и проговори за најтешките и најубавите моменти од своето детство. Таа за К1 телевизија откри дека на училиште прв и последен пат се степала поради нејзината мајка.

– Се сеќавам на училишните денови, кога мама беше со алка за домашен притвот. Имав 12 години и се преправав дека сум целосно луда. Како ништо да не се случува, а весниците пишуваат. Мама беше на сите насловни страници. Пишуваше што ќе биде, што нема. Ќе ни ја одземат куќата, ќе го земат старателството над мене…Имав среќа што во училиште немаше злонамерни деца што ќе ме прозиваат. Всушност, имаше една девојка – се присетила Анастасија.

– Тогаш првпат се скарав на училиште, бидејќи ја навредуваше мајка ми. Таа кажа нешто за алката. Иако бев мирна и присебна, кога се работи за семејството и кога се случуваше таков хаос, ме обзеде бес. Кога некој ќе удри по мајка ти, а ти ја имаш само таа…- продолжила таа.

Младата пејачка изјави дека тогаш и паднал мрак пред нејзините очи.

-Ми напиша на „Фејсбук“ во петокот, а јас во понеделник ја најдов на училиште и ја удрив, се степавме. Сите беа шокирани затоа што никогаш не бев проблематична. После тоа, многу брзо, мајка ми реши да не однесе на Кипар – изјавила Анастасија на К1 во емисијата „Преживеани“.

Инаку, Анастасија денес е во среќен брак со фудбалерот Немања Гудеља, кој ја користи секоја прилика да ја изненади.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....