16.8 C
Скопје
12:55 - 20 април, 2024

Интервју со доц. д-р Тања Анѓушева: Ергоспирометрија

Што претставува ергоспирометријата и која е предноста на ергоспирометрискиот тест во однос на стандардниот стрес тест?

– Кардио-пулмонален стрес тест (СРЕТ) т.н.р. ергоспирометрија е тест со кој се мери работата на срцето во корелација со белите дробови за време на физички напор. За разлика од стандардниот стрес тест, пациентот оди на трака или вози статичен велосипед, при што му е поставена дополнителна апаратура. Таа опфаќа: апарат за мерење на крвниот притисок, електроди за правење ЕКГ (електрокардиограм ЕКГ) со кои се регистрира срцевата акција, како и маска која е поставена на лицето и со помош на која се мери кислородната потрошувачка односно фреквенцијата и силината на дишење, колку често и колку длабоко пациентот вдишува и издишува.

доц. д-р Тања Анѓушева
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Овој тест е составен дел на кардиолошките испитувања и е најдобар показател во каква состојба се наоѓа организмот, се проверува функционалната способност на срцето и неговата адаптација на физички напор. Каде се наоѓа примена и кои се индикациите кои упатуваат на ергоспирометриски тест?

– Индикационото подрачје за овој тест е доста широко, а примената на тестот за проценка на здравствената состојба на пациентите е веќе влезена во голем број медицински водичи за лекување.

Најчести причини се:

  • Одредување на причината за функционалните проблеми на срцето и белите дробови
  • Проценка на физичка подготвеност, односно максималното оптоварување кое може една личност да го толерира со цел да се направи план за тренирање по мерка на личноста која се тестира
  • Проценка на ризик пред планирана хируршка процедура
  • Проценка на сериозноста / тежината на срцевата слабост
  • Евалуација на степенот на белодробните болести како ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест), белодробна васкуларна болест или цистична фиброза
  • Евалуација на индивидуалните ограничувања како резултат на лимитираноста на белодробието или пак срцето во тек на физичката активност
  • Проценка на подготвеноста на пациент кој има одредено срцево заболување за рехабилитација и правење план за физички активности во тек на рехабилитацијата
  • Утврдување на ефикасноста на претходниот медикаментозен / оперативен третман
  • Проценка за потреба од друга форма на третман поврзан со срцева слабост во терминален стадум (механичка циркулаторна потпора, срцева трансплантација, за оние пациенти во терминален стадиум на болеста).
CPET е незаменлив во одредувањето на причината за отежнато дишење (диспнеја) за време на напор, како и во одредувањето на нормалниот одговор на пулмоналниот и кардиоваскуларниот систем на физички напор. Што може открие тестот?

– Со овој тест јасно може да се одреди причината на заморот и отежнатото дишење, т.е. дали е последица на претходно латентно срцево заболување или пак промени во структурата и функцијата на белите дробови.

Како се изведува тестот, дали се потребни претходни подготовки и што вклучуваат?

– Тестот се иведува во посебна просторија каде е сместена опремата и под будното око на стручниот медицински кадар кој ќе го води лицето кое се тестира. Може да се изведе со помош на трака или пак возење на статичен велосипед. Истовремено се следат срцевите и белодробните параметри преку електроди и сензори поставени на телото и во маската, а апаратот има специјален програм кој врши анализа на овие параметри. Потоа доктор ги обработува и одредува понатамошни чекори.

Подготовката за овој тест не е компликувана, но има неколку клучни правила:

  • Пациентот задолжително треба да ја земе редовната терапија која ја користи
  • Полесен оброк е дозволено да се конзумира до 4 часа пред тестот. Доколку чуствува глад дозволено е конзумирање единствено шејк пред тестот
  • Не смее да се конзумира кафе, кока кола, алкохол, црн чај
  • Еден ден пред тестот не е пожелно пациентот да вежба
  • Не е дозволено конзумирање на никотин (цигари и електронски цигари) пред тестот.
Дали процедурата е безбедна, колкав е ризикот од компликации?

Процедурата е високо безбедна. Многу е ниска појавата на несакани ефекти (1 на 100.000 пациенти). Најчести несакани ефекти се аритмии и миокарден инфаркт. Но, овде важно е да напоменеме дека мониторирањето на пациентот е многу пообемно. Параметрите на апаратот даваат можност однапред да се процени настанато исцрпување на физичките резерви или промени во нормалниот метаболизам од кислороден во безкислороден, така што тестот се прекинува и се спречува појавата на несакани ефекти.

При кои заболувања е контраиндициран?

Не се препорачува ероспирометрија доколку лицето има:

  • физичката состојба која не дозволува да оди на трака или пак да вози велосипед
  • прележано скорешна респиратопрна инфекција, грип, КОВИД
  • нетретирана тешка аортна стеноза или неконтролирана астма
  • преживеано скорешен срцев инфаркт (пред помалку од 30 дена)
  • имплантиран ICD/CRT пред помалку од 4 недели
  • ниска почетна кислородна оксигенација
  • висок крвен притисок
  • малигни аритмии
Покрај кардиоваскуларните пациенти, ергоспирометрискиот тест се препорачува кај спортистите. Кои се конкретно придобивките за нив и дали ергоспирометријата како дијагностичка процедура може да помогне во рана детекција и превенција од ненадејна срцева смрт кај спортистите?

– Ергоспирометријата е многу важна во проценката на физичката кондиционираност на еден спортист, бидејќи со анализата на добиените параметри од белодробието и срцевата акција, лекарот може да ја процени точно точката кога спортистот влегува во анаеробен (лактичен метаболизам). Што всушност значи тоа? Познато е дека кај спортистите со редовниот тренинг не само што се кондицираат скелетните мускули туку се тонизира и срцевиот мускул и се адаптира да на одреден степен од физички напор за да донесе адекватна количина крв, а со тоа кислород и глукоза кои се неопходни за ослободување на енергија која ја одржува работата на мускулатурата.

Со овој тест ние можеме точно да кажеме до кое ниво е постигнато кондиционирање. Согласно тоа, потоа да му дадеме совети на спортистот како да продолжи со цел за да го избегне моментот на влез во анаеробен метаболизам со прекумерниот физички напор. На таков начин се спречува појавата на мускулна болка кај спортистите, но што е најважно се спречува непотребното оптоварување на срцевиот мускул и можноста за појава на проширување и слабост на истиот или пак појава на аритмии и ненадејна срцева смрт.

Покрај спортистите, овој тест има бројни можности за сите хронични пациенти, но и за пошироката популација – луѓе кои се физички активни и за кои е важна проценката на кондиционите способности и метаболичките процеси, со цел да се прилагоди интензитетот и времетраењето на вежбање. Покрај пациентите и професионалните спортисти, за кои други лица се препорачува тестот?

– Бенефитите од овој тест се големи и неговата примена во секојдневието е прилично широка.
Така тестот е веќе влезен во сите водичи за проценка на пациентите со срцева слабост и класификацијата дали еден пациент со слабо срце треба да се постави на листата за трансаплантација или пак му е потребна механичка потпора на срцето. Секаде во светот, рехабилитацијата на срцевите болни ја изведуваат според измерените параметри од овој тест. Многу често овој тест се користи за проценка на ризик од кардиоваскуларни промени при тешки хируршки процедури.

Мора да се напомене дека тестот има можност да ја процени и метаболната состојба на еден организам. Митохондриите се составен дел на секоја клетка и се местотото каде се случуваат сите процеси на ослободување и вградување на енергијата. Често пати поради некои ензимски промени при одредени заболувања може да настане блок на овие процеси и лицето да чуствува замор, малаксаност, тешко дишење, краток здив, а при тоа да има здраво срце и бели дробови. Со овој тест може јасно да се дефинира оваа состојба и да се помогне.
И секако треба да споменеме една специфична примена, која е во честа употреба во развиените земји, а тоа е кај трудниците, со цел проценка на крвоснабдувањето на плодот во матката на бремената жена.

Закажете преглед/консултација со стручниот тим на Клиника „Жан Митрев“ на телефонот 02 3091 484

Слични објави

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо
Се вчитува....