32.8 C
Скопје
15:45 - 8 септември, 2026

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

Никола Роквиќ пред четири дена се поздрави со своите најблиски, се помоли и пеш тргна на пат долг 1.060 километри до манастирот Нектариј Егински во Грција за хуманитарни цели.

Никола редовно се огласува на својот Инстаграм од своето патување во Грција, а сега откри дека за неговата фондација се собрани три милиони динари за помош на детската онкологија, но тоа е само почеток на бројката потребна за оваа педијатриска установа, пишува „Блиц“.

„Драги луѓе, Господ помага. Еве ме денес сум околу 20 километри. Само да знаете дека стигнавме до три милиони динари и многу сум среќен! Ви благодариме за поддршката, одиме понатаму, овој пат е за детската радост! Ве бакнувам и ве сакам“, рече пејачот во своето обраќање.

Инаку, сопругата на Никола, Бојана, ги откри деталите од неговиот подвиг.

„Тој е навистина оптимист на почетокот. Досега има поминато околу 90 километри, со оглед на тоа колку поминува во текот на денот, а поминува околу 30 дневно, па можете и вие да го следите, тој всушност секојдневно се огласува на својот Инстаграм профил. И засега се чувствува навистина одлично, многу е возбуден, благодарен е на сите луѓе кои учествуваа, на компаниите, на сите кои се вклучени во фондацијата и нејзината мисија. Мислам, тој се подготвуваше за овој подвиг долго време, па сега е навистина физички и психички подготвен и го подготвија луѓе кои прават екстремни маратони, па тој веќе знае што може да направи и што го чека на ова негово патување. Но, некако верувам дека сигурно ќе биде тешко во одредени моменти, но верувам дека дури и кога физички телото може некако да ослабне, умот нема, а тоа е најважното“, рекла Бојана Роквиќ на „Блиц Јутру“.

„Ова е невиден подвиг, но не очекувавме таков одзив. Со моите деца тргнуваме на пат во сабота, ќе му се придружиме по пат. За време на Велигден ќе биде во Македонија, па ќе се сретнеме таму. Два дена ќе бидеме заедно, тоа е најважно и за децата и за него“, додала Бојана.

Слични објави

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.
Се вчитува....