17:54 - 7 ноември, 2026

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Саудиска Арабија ја отвори својата прва продавница за алкохол во дипломатскиот кварт на нејзиниот главен град Ријад.

Веста, која не е официјално потврдена од саудиската влада, претставува голем развој на настаните за крајно конзервативната муслиманска теократија, која го забранува алкохолот од 1952 година.

Според списокот на трговски правила што го виде CNBC, алкохолот е достапен само за немуслимански дипломати. А овластувањето мора да биде потврдено преку апликација наречена Diplo.

Во продавницата не е дозволен влез на гости и лица помлади од 21 година, строго е забрането фотографирање, а мобилните телефони мора да се чуваат во „сигурни чанти“ за да не се користат во продавницата. Набавките исто така подлежат на месечен систем на квоти по регистрирано лице.

Гласините се вртеа со години дека кралството на Заливот, познато по своите ултра-конзервативни закони, конечно ќе дозволи алкохол надвор од странските амбасади. И тоа како дел од нејзината поширока кампања за либерализација на саудиското општество и привлекување повеќе меѓународни туристи и иселеници. Продавницата во дипломатскиот кварт е мал чекор во таа насока, изјави за CNBC саудиски консултант близок до кралскиот двор.

Тој додава дека една од клучните цели е „справување со проблемот со шверцот што отсекогаш сме го имале со дипломатите“. Вработените во странските амбасади, кои можат да увезуваат алкохол за складирање во просториите на амбасадата, во Саудиска Арабија се познати по тоа што често увезуваат алкохол во големи количини. А потоа го продаваат на црно.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....