22.8 C
Скопје
16:29 - 29 септември, 2026

ТРИК СО КОМПИР: Како месото никогаш да не ви се залепи за скарата?

Добро испеченото месо на скара секогаш треба да има убава боја и да биде сочно и соодветно испечено. Но, некогаш лепењето на решетките предизвикува многу нервози.

Рецептот за скара е едноставен – однапред подготвеното месо се реди на решетките, се внимава жарот да е постојан и се превртува на неколку минути месото за да не изгори.

Постои еден трик со кој секогаш ќе бидете сигурни дека месото нема да ви се залепи за скарата. Тоа ќе го постигнете со помош на жив компир.

Пресечете го на половина, забодете го на вилушка и со делот каде компирот е пресечен премачкајте ја скарата. Скробот ќе создаде нелеплив слој на металната решетка и на тој начин ќе бидете сигурни дека нема да го расипете месото или рибата.

Постапката можете да ја повторите и по неколкупати во текот на подготовката на месото.

НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ за сос за сите видови месо и риба

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....