16.8 C
Скопје
07:07 - 9 септември, 2026

Совршенство од вкусови во 5 чекори: Торта од бела чоколада и јагоди без печење! (РЕЦЕПТ)

Направете брз десерт кој ќе ги задоволи сите ваши сетила…

Состојки:

-250 грама кекси

-80 грама путер или маргарин

Бел крем:

– 200 грама бело чоколадо

– 100 грама павлака за шлаг или готвење (за топење на чоколадото)

– 200 грама павлака за шлаг

– 10 грама желатин (1/4 за белиот, 3/4 за розевиот крем)

Розев крем:

– 300 грама јагоди

– 50 грама шеќер

– 200 грама павлака за шлаг

Подготовка:

– Јагодите исецкајте ги на ситни парчиња и варете ги со шеќерот околу 5 минути додека шеќерот да се стопи.

– Изблендирајте ја смесата и додека е уште врела, додадете 3/4 од целата количина на желатин која претходно сте ја направиле така што количината на желатин ќе ја помешате со 5 лажици вода.

– Белото чоколадо стопете го со 100 мл павлака за шлаг или за готвење, па во таа смеса додадете 1/4 од преостанатиот желатин.

– Бисквитот здробете го и помешајте го со растопениот путер и таа смеса ставете ја во калап од 20 сантиметри и добро притиснете ја.

– Претходно страниците на калапот обложете ги со хартија за печење за тортата полесно да се извади и да изгледа поубаво.

– Оладената смеса од белата чоколада матете ја со 200 мл шлаг кој претходно веќе го измативте, па таа смеса ставете ја врз бисквитот.

– Разладете во фрижидер 20-тина минути.

– Кога белиот дел лесно ќе се стегне, на него додадете го розевиот дел кој сте го добиле на ист начин како и белиот (со миксирање на јагодите со шлагот).

– Ставете ја таа смеса врз белата и оставете ја готовата торта да се стегне (околу 6 часа)

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо
Се вчитува....