18:20 - 29 ноември, 2026

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Пред речиси два милениума, една мајка во Рим ги гледала своите три малолетни ќерки како се соочуваат со смртта. Најстарата имала 12 години, средната 10, а најмладата само девет. Меѓу нивните имиња денес се препознаваат три зборови што имаат силно значење во христијанството – Вера, Надеж и Љубов.

На 30 септември православната црква го празнува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија. Нивната приказна е поврзана со времето на римскиот цар Адријан и со периодот на прогоните на христијаните.

Според црковното предание, Софија била вдовица и христијанка. Своите три ќерки ги воспитувала во верата и им ги дала имињата Вера, Надеж и Љубов – според трите христијански добродетели.

Кога дознал за нивната вера, царот Адријан наредил да бидат доведени пред него. Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов девет. Од нив било побарано да се откажат од христијанската вера и да ѝ принесат жртва на божицата Артемида, но девојчињата одбиле.

Следувале мачења, а потоа и смртта на трите сестри. Според преданието, нивната мајка била принудена да го гледа страдањето на своите деца, но не се откажала од верата ниту ги спречила да истраат во она во што верувале.

По нивната смрт, Софија ги погребала своите ќерки и останала три дена и три ноќи покрај нивниот гроб, молејќи се. Според преданието, таму и починала, а христијаните подоцна ја погребале покрај нејзините деца.

Приказната за мајката и трите сестри со векови се пренесувала низ христијанската традиција. А нивните имиња денес се споменуваат и на едно место крај Охридското Езеро.

Во Лагадин се наоѓа малата црква „Св. Софија, Вера, Нада и Љубов“. Изградена е во 2000 година, по повод 2.000 години од христијанството.

На 30 септември, кога се празнува споменот на четирите маченички, во црквата во Лагадин традиционално се одржува црковно-народен собир. Верници доаѓаат да запалат свеќа и да се помолат, а празникот со текот на годините прераснал во традиција што се одржува повеќе од две децении.

фото/https://ohrid1.com

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.
Се вчитува....