8.8 C
Скопје
23:26 - 18 октомври, 2026

Совршен десерт без многу мака, еве како да го подготвите познатиот „Магичен колач“ (ВИДЕО)

Instagram е преполн со фотографии од овој колач, а кога ќе видите зошто, и самите ќе го направите – со гаранција!

Состојките се сосема секојдневни – без никакви егзотични додатоци, а подготовката не може да биде поедноставна, а вкусот пак побожествен! Токму затоа овој колач го добил и името “магичен колач”, а еве и како може да го направите:

Потребни состојки:

● 4 јајца (одвојте ги жолчките)
● 120 гр шеќер
● една мала лажичка екстракт од ванила
● 115 гр стопен и разладен путер
● 95 гр брашно
● 4 децилитри млеко

Подготовка:

Жолчките добро сматете ги со шеќерот. Не престанувајќи да мешате, додадете ги ванилата и путерот, а потоа брашното и на крајот постепено додадете го и млекото. Кога ќе го направите сето тоа, додадете ги и белките од коишто претходно сте направиле цврст снег. Сето тоа сместете го во калапче и ставете да се пече на температура помеѓу 160 и 175 степени Целзиусови, на 40 до 70 минути. Кога е готов, оставете го да отстои барем три часа.

Декорирајте по желба, и вашиот колач е подготвен за послужување!

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....