21.8 C
Скопје
08:59 - 9 септември, 2026

Освежува и засладува: Превкусен десерт со јагоди за топлите денови (РЕЦЕПТ)

Колач од 4 јајца. Брзо се подготвува и идеален е за овој период од годината. Се прави со 800 грама јагоди, а готов е за најмногу еден час. Погледнете што ви предложуваме денес.

Потребно е:

За биквитот:

4 јајца
1 прашок за печиво
4 лажици шеќер
4 лажици вода
1 чаша брашно
500 мл масло

За прелевање

100 мл млеко
2 ванилин шеќер

За фил:

800 грама јагоди
250 грама шеќер
2 пудинга од ванила
3 лажици шеќер за пудинг
Шлаг 200 грама

Подготовка:

Измешајте ги јајцата со шеќер, додадете го брашното со прашок за печиво, маслото и 4 лажици вода. Добро измешајте и сипете го во плех обложен со хартија за печење.

Печете на 200 степени околу 20 минути да зарумени. Извадете го печениот бисквит и врел прелијте го со млеко со ванилин шеќер.

Во сад ставете го шеќерот, додадете чаша вода и промешајте, па додадете ги јагодите да се сварат. Во варените јагоди додадете го пудингот и добро измешајте.

Оставете да се олади па истурете го на бисквитот и добро распоредете. Оладете го па одозгора ставете го изматениот шлаг. Добро изладете и уживајте!!!

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо
Се вчитува....