25.1 C
Скопје
20:13 - 21 јуни, 2026

Најдобриот чоколаден мафин: Фантазија од вкусови која не се заборава! (РЕЦЕПТ)

Направете го ова популарно американско колаче на овој начин, ќе бидете воодушевени…

Состојки:

– 250 грама брашно
– 150 грама шеќер
– 40 грама какао
– 2 лажички прашок за печиво
– 1 лажичка сода бикарбона
– 1/2 лажичка сол
– 250 мл млеко
– 1 големо јајце
– 50 грама стопен путер
– 150 грама чоколадни ситни парчиња

профимедиа

Подготовка:

– Загрејте ја рерната на 175 степени и премачкајте калапи за 12 регуларни мафини.
– Во еден сад помешајте го брашното, какаото, прашокот за печиво, сода бикарбоната и солта.
– Во друг сад со миксер измешајте ги јајцата со шеќерот, додадете го стопениот путер, млекото и ванилин шеќер.
– Додадете ги и сувите состојки и соединете ја смесата со помош на шпатула или дрвена лажица.
– На крај додадете од ситните парчиња чоколадо.
– Наполнете ги калапчињата со помош на лажица за сладолед.
– Печете отприлика 20 минути зависно од јачината на рерната, проверете со чепкалка дали се готови.

Слични објави

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Т.Ц.

Домашен сладолед како од слаткарница – рецепт што ќе го обожавате

Т.Ц.

Царски австриски десерт со цреши

Т.Ц.

Орео чизкејк без печење – десерт што секогаш успева со само еден трик

Т.Ц.

Наједноставниот колач со јагоди: Чекор по чекор до совршен десерт

Т.Ц.

Медитерански полнети тиквички со рикота и сушени домати

Т.Ц.
Се вчитува....