10.8 C
Скопје
06:29 - 25 април, 2024

Имате НОВА ВРСКА и сакате да пројде подобро од старата? Еве како!

Нема никаква магична напивка или рецепт кој ќе ве спаси од болката на раскинувањето. Само вашето срце ќе одлучи кога е спремно да продолжи понатака, а вие никако не можете да влијаете на таа одлука.

Ако сте одлучиле да го преболите бившиот, но ги прекршувате овие 4 правила во новата врска, тогаш, за жал, веројатно се лажете себеси и само мислите дека сте продолжиле понатаму. Еве како можеби му дозволувате да ви ја уништи новата врска без да го знаете тоа.

1. Никако не го споредувајте новиот партнер со бившиот

Кога започнувате нова врска никако не можете да го избегнете споредувањето помеѓу неа и старата врска. Во ред е да си дадете време, но ако после неколку месеци вие сѐ уште ги споредувате, тогаш време е да видите што правите.

Потрудете се да ја гледате врската со нови очи. Не се обидувајте да ги применувате истите интерни шеги или некои работи што сте ги правеле со бившиот. Не размислувајте дека со него пораките ви се поинакви, дека им се различни фамилиите и сл. Сетете се дека влеговте во нова врска затоа што старата не функционираше.

2. Не смеете да го спомнувате неговото име

Никој не сака да слуша за бивши партнери, ама баш никој. Единствен пат кога е во ред да зборувате за бившиот е кога новиот партнер ќе ве праша за него и тогаш треба да сте искрени. Ако постојано го спомнувате, тогаш новиот партнер ќе забележи дека вие не сте го преболеле стариот и тогаш ќе започнат проблемите. Ако ги споредувате така што му давате комплимент на новото момче, тоа само ќе ги влоши работите. Восхитувајте му се на новиот партнер без да го спомнувате бившиот. Верувајте ни, тоа ќе ви ги олесни работите.

3. Не го величете минатото

Во човечката природа е да му се восхитуваме на минатото. Секако дека претходната врска имала прекрасни моменти – затоа и сте останале заедно толку долго, но сепак запомнете дека ја прекинавте со причина. Нормално, новата врска не е совршена и си има свои убави и лоши моменти, но ако вие сметате дека бившиот бил совршен тогаш без разлика колку и да се докажува новиот партнер тој никогаш нема да стигне до нивото на претходниот.

Иако нештата не одат толку совршено колку што сте очекувале, тоа не е покана да се вратите во минатото и на „совршенството“ што бил вашиот бивш. Ако нештата не функционираат со новиот партнер, не дозволувајте вашата лажна перцепција за „совршеното“ минато да ви го помати разумот и да ве натера да се откажете од новата врска.

4. Љубете без да се каете

Ако постојано се прашувате дали правите грешка што продолжувате понатака, тогаш вие не сте спремни да бидете во нова врска. Да, тешко е да се соочите со раскинување и со скршено срце, но сетете се дека бившиот не ги заслужува вашите емоции. Искористете ги лекциите што сте ги научиле во минатата врска и применете ги во новата. Ако бившиот партнер ве повредил во минатото, не му се истурајте на сегашниот партнер. Имајте самодоверба и сила да ѝ дадете уште една шанса на љубовта. Не се кајте, само љубете до максимум.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....