32.8 C
Скопје
14:50 - 9 септември, 2026

Направете си ги денес – Брзи колачиња со мед и цимет

Мала, но вкусна радост за целото семејство…

Состојки:

200 грама брашно

250 грама шеќер

2 јајца

2 супени лажици мед

малку цимет

1 прашок за печиво

150 грама шеќер во прав

Подготовка:

Сите потребни состојки за подготовка на овие колачиња ставете ги во подлабок сад и убаво измиксирајте ги со помош на миксер. Кога смесата ќе стане компактна, исклучете го миксерот и прекријте ја добиената смеса со чиста кујнска крпа. Потоа оставете ја смесата да отстои околу еден час во фрижидер. Релативно мекото тесто, истурете го врз претходно посипана работна површина со остро брашно а потоа со помош на сукало развлечете кора со дебелина од 5 милиметри. Добиеното тесто, исечете го на крукчиња со помош на чаша ичо калап по ваш избор. Добиените колачиња, наредете ги во соодветна тава за печење и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 15 минути.Кога ќе помине потребното време а колачињата ќе добијат убава златна боја, извадете ги од рерна. На крај, наросете ги колачињата со шеќер во прав.

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....